Кадровски промени во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“

Bez autora
Nov 25 2021

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК „Битола“ и во РЕК „Осломеј“, е наведено во соопштението.

Разрешен е директорот на РЕК „Битола“, Златко Ќурчиевски, и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на „Термоелектраната“.

Во РЕК „Осломеј“ разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во „Рудници“.

„Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза“, појаснуваат од таму.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik